Еден од хероите на Интер нема да игра во финалето!?

Тимот на Интер во финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, најверојатно ќе игра без својот стандарден член Хенрих Мхитарјан. Ерменецот се повреди на реваншот против Милан, и мораше да излезе пред крајот на полувремето. Инаку тој стана првиот ерменски играч кој се пласираше во финале на ЛШ, а воедно беше и еден од хероите на тимот со оглед дека погоди во првиот меч со миланскиот тим.

Од Интер објавија дека нема да игра на последните првенствени натпревари, како и во финалето на Купот на Италија против Фиорентина, но од клубот истакнаа дека се прават напори да се оспособи за финалниот меч.

Мхитарјан сезонава постигна пет голови и две асистенции во сите натпреварувања, а стартуваше во 11 од 12 меча во Лигата на шампионите. Го постигна вториот гол во победата од 2-0 во првиот меч, со кој го однесе својот тим на чекор кон финалето, кое го потврди Лаутаро Мартинез на реваншот.

Се вчитува...