Напаѓачот на Лил , Џонатан Дејвид е еден од најбараните играчи на летото. На Канаѓанецот му истекува договорот и тој станува слободен играч, што е токму причината поради која го бараат повеќето европски гиганти.
Неговото име се поврзува со тимови како Барселона, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Јувентус и Интер. Сепак, тој одби да открие кои се неговите планови за иднината.
„Да, станувам слободен агент на крајот од сезоната. Што се однесува до мојата иднина, се надевам дека ќе продолжам да растам во голем клуб, ако е можно. Најважно е да се забавуваме, да не заборавиме дека фудбалот е забава. Иако тоа е моја работа во моментов, сакам да се будам секое утро и да бидам среќен што играм”, изјави Дејвид.
„Сигурно ќе дознаете каде ќе ја продолжам кариерата, а сега сум максимално фокусиран кон оваа сезона и да имам успех со Лил“, вели голгетерот на Лил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА