Еден од најдобрите фудбалери во историјата на БИХ, Миралем Пјаниќ објави дека ја завршува репрезентативната кариера после 115 натпревари одиграни за националниот тим.
Пјаниќ цели 16 години беше дел од селекцијата на БИХ, по што се одлучи да се збогува како втор на листата со најмногу настапи за БИХ на сите времиња. Пред него е само Един Џеко.
Пјаниќ во моментов е играч на Шарјах од ОАЕ, а во минатото играше за Јувентус, Барселона, Бешикташ, Рома, Лион и Мец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА