Еден од најдобрите холандски голмани објави крај на кариерата

Холандија во моментов има „криза“ на голманската позиција, особено по заминувањето во пензија на Едвин дан дер Сар, еден од најдобрите чувари на мрежата на „лалињата“ можеби и во историјата.

После Ван дер Сар на голот на Холандија застана Мортен Стекеленбург, кој што со холандскиот национален тим стигна до финалето во 2010 година, каде загуби од Шпанија. Стекеленбург сега најави дека по завршувањето на сезоната ќе оди во пензија.

Стекеленбург во својата кариера покрај за Ајакс, бранеше и во Евертон, Рома, Фулам, Монако, Саутемптон. Тој требаше да биде наследник на Ван дер Сар, но никогаш не ги стигна неговите успеси, иако со националниот тим имаше поголеми успеси од својот претходник.

Се вчитува...