Еден од најконтроверзните голови во Лигата на шампионите синоќа во Порто (ВИДЕО)

Порто синоќа славеше со 5-3 на дуелот против Шатхјор во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Од мечот и еден од најконтроверзните голови сезонава во Лигата на шампионите.

При водство на домашните од 1-0, Шахтјор постигна гол во акција во која линискиот судија даде сигнал за прекин на акцијата поради офсајд.

Дел од играчите на Порто сосема очекувано застанаа во одбраната и чекаа сигнал од главниот судија Ковач, но тој го испочитува новото правило и даде сигнал за офсајд дури по крајот на акцијата. Главната грешка ја направи линискиот судија кој со својата сигнализација ги збуни играчите на Порто, а бидејќи ВАР-системот покажа дека нема нерегуларна ситуација, погодокот на Сикан беше признаен на крај.

Се вчитува...