Еден од најлудите поени и најлудата приказна во историјата на тенисот – Гем, сет, меч… (ВИДЕО)

Французинот Корентин Муте придреди големо изненадување победувајќи го Данил Медведев во четвртфиналето на АТП турнирот во Вашингтон, во натпревар кој заврши со еден од најлудите поени досега.

Муте победи со 2-1, по сетови 1-6, 6-4 и 6-4, а последниот поен од овој натпревар е нешто што ќе се памети долго време. Тој е еден од најлудите досега. Двајцата тенисери изведоа некои навистина неверојатни движења. Доаѓаа неверојатни топки, публиката сè следеше со громогласни извици од трибините и по 20 луди секунди, Медведев направи грешка.

Ова е најголемиот резултат во кариерата на францускиот тенисер. Сега тој има шанса да стигне до финалето и да ја освои својата прва АТП титула.

Неговиот противник во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот на Алекс Де Минаур и Брендон Накашима. Кој и да го добие натпреварот, ќе биде фаворит против Французинот, кој до полуфиналето дојде од позиција на „лаки лузер“. Беше елиминиран во квалификациите, но на крајот сепак доби шанса да влезе на главната ждрепка и сега да се бори за финале.

Се вчитува...