Шефилд Венздеј стана првиот клуб во историјата на водечките англиски лиги што стана сигурен патник во понискиот ранг на натпреварувањето веќе во февруари.
Шефилд Венздеј, на кој му беа одземени 18 бода поради финансиски прекршоци, остана математички без шанси за спас откако загуби со 2-1 на гостински терен против градскиот ривал Шефилд Јунајтед во 33-то коло од Чемпионшип.
Јунајтед поведе во втората минута со голот на Патрик Бамфорд, а домашните ја зголемија својата предност во 19-та минута преку Харисон Бароуз. Гостите го намалија водството во 52-та минута со голот на Чарли Мекнил.
Венздеј е последен со -7 бода, дури 41 бод помалку од зоната за испаѓање, а до крајот на сезоната остануваат уште 13 натпревари и можни 39 бода. Што значи дека повеќе не може да се избегне испаѓање во Лига 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

