Откако неколку дена беше на тренинзи во португалскиот гигант Порто, еден од најталентираните македонски голмани Васко Василев во следните денови ќе потпише за Рио Аве, дознава ЕКИПА.
Василев (18) е член на Црвена Звезда, беше приклучен низ тренажен процес во Порто пред еден месец, а сега друг португалски тим го забележа неговиот талент и ќе го ангажира.
Василев е стандарден член на македонската репрезентација до 19 години. Трансферот во Португалија доаѓа само како потврда за талентот и квалитетот на овој голман, кој треба да биде иднината на македонскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА