Клучна фигура во Ред Бул, Хелмут Марко, ја напушта својата позиција како консултант во тимот од Милтон Кинс. Информацијата за заминувањето на 82-годишниот Австриец по 20 години работа во овој тим ја објави британскиот Телеграф.
Марко е советник на Ред Бул во Формула 1 од нивното влегување во шампионатот во 2005 година. Тој беше вклучен и во работата на вториот тим на австриската компанија – Рејсинг Булс, кои дебитираа во Формула 1 во 2006 година како Торо Росо, а потоа го сменија името.
Самиот Марко беше возач на Формула 1 во почетокот на 70-тите години од 20 век. Учествуваше на десет Гран При трки, а во 1971 година беше победник на познатата трка на издржливост „24 часа Ле Ман“.
Со Ред Бул како советник, тој освои шест титули кај конструкторите – додека неговите возачи Себастијан Фетел и Макс Верстапен беа шампиони по четири пати. Неговото заминување претставува голема промена за тимот, кој претходно во 2025 година го замени поранешниот прв човек Кристијан Хорнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

