Искусниот чилеански фудбалер Артуро Видал во текот на кариерата покрај добрите настапи во средината на теренот беше познат и по прекумерното конзумирање алкохол кое му зададе тешки проблеми и го смести во невкусни ситуации како сообраќајната несреќа во 2015 година кога пијан го удри своето црвено Ферари па заврши во болница.
Поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен, Барселона, Интер… сега потполно се откажа од алкохолот, нешто за што говореше на социјалната мрежата „Твич“.
„Сега се придржувам на принцип без алкохол. Не пијам ни капка. Мора да знаете дека и претходно не претерував со него. Пиев само кога можев. Луѓето не го следат нашиот секојдневен живот и знаат само тоа што го гледаат во вестите. Мислите дека би бил дел од најдобрите тимови на светот ако пиев толку често?
Конзумирањето на алкохол зависи од секој поединец. Ако пиете секој ден тогаш ќе имате проблеми, ако ако пиете еднаш месечно нема да ви биде ништо“, вели Видал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

