Жоан Гонзалез Кањелас, играчот од средниот ред објави дека ја завршува кариерата на само 23-годишна возраст. Во последните три години, Гонзалез играше за тимот на Лече, а потекнува од младинската школа на Барселона, но не одигра ниту еден натпревар за сениорскиот тим.
Важеше за еден од најголемите шпански таленти, но судбината сакаше поинаку. Имено, на лекарските прегледи пред почетокот на минатата сезона на Гонзалез му била воочена вродена срцева маана, поради која лекарите му препорачале да не се занимава со професионално играње фудбал. Тој не одигра ниту еден натпревар минатата сезона.
Гонзалез почнал да игра како последен играч за врска, а потоа бил прекомандуван како стопер, а во Лече ја играше својата стара позиција. Одигра 64 меча во Серија „А“ за Лече, каде постигна два гола и имаше четири асистенции. Играше и во италијанскиот куп на два меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

