Еден плеј-оф натпревар му беше доволен на Батлер да се запише во историјата на Голден Стејт

Голден Стејт направи „брејк“ во осминафиналната серија против Хјустон славејќи на гостувањето во Тексас со 85-95 благодарение на фантастичните Стеф Кари и Џими Батлер кои го пренесоа ветеранското искуство за голем триумф на својот тим.

На овој натпревар Батлер дебитираше за Голден Стејт во плеј-офот и веднаш се запиша во историјата на Голден Стејт како само четвртиот кошаркар кој постигнал повеќе од 25 поени, пет скокови, пет асистенции и пет украдени топки на еден плеј-оф натпревар од сезоната 1973/74.

Батлер средбата ја заврши со 25 поени, седум скокови, шест асистенции и пет украдени топки со што се запиша во елитното друштво заедно со Рик Бери, Стеф Кари и Тим Хардавеј.

Се вчитува...