Еден пораз и веднаш го „менуваат“ Керик од Манчестер Јунајтед

Откако го претрпе првиот пораз во Премиерлигата од Њукасл, веднаш почнаа шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик имаше одлична серија, тимот од Олд Трафорд влезе меѓу најдобрите четири тима, но и тоа очигледно не е доволно за да остане на клупата на „Црвените ѓаволи“.

Така во англиските медиуми веднаш тргнаа шпекулации за тоа кој би можел да го замени. Сега фаворитската улога се дава на Роберто Де Зерби, досегашниот тренер на Олимпик Марсеј. Во комбинација е и Роберто Мартинез, како и Јулијан Нагелсман, ако во некој случај Германија доживее дебакл на Мундијалот оваа година.

Засега нереална е можноста за Томас Тухел и за Карло Анчелоти, кои немаат намера да ги напуштат селекциите на Англија, односно Бразил. Исто така исклучена е можноста на клупата да седне и Маурицио Покетино, кој исто така се споменува на клупата на тимот од Олд Трафорд.

Се вчитува...