Еден повикан фудбалер е позитивен на коронавирусот Ковид-19 на собирот на тренинг-кампот на А-репрезентацијата организиран од селекторот Игор Ангеловски.
„Еден од повиканите фудбалери на тренинг кампот е позитивен на тестирањето за Ковид – 19. Мерките за заштита беа испочитувани, т.е. веднаш по теститањето сите од тимот беа во изолација додека не стигнаа резултатите. Сите други (фудбалери, стручен штаб и логистика) имаат негативни тестови“ – информираат од ФФМ.
Ангеловски на овој собир повика фудбалери од домашното првенство, како и тројца интернационалци, а во среда од 14 часот ќе биде одигран и пријателски натпревар со Работнички.
На собирот се повикани следните фудбалери:
Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија);
Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили (Шкупи), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Ангелче Тимовски (Силекс);
Среден ред: Енур Тотре (Шкендија), Ѓорги Стоилов (Академија Пандев), Марјан Радески (Академија Пандев), Матеј Цветановски (Шкупи), Агон Елези (Вараждин), Али Адем (Шкупи), Лука Станковски (Работнички), Стефан Ашковски (Ботошани, Романија),
Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Џемал Ибиши (Дубрава, Хрватска), Дашмир Елези (Шкендија), Љупчо Дориев (Шкендија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

