Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума е блиску до премин во Манчестер Сити со кој веќе подолго време има постигнат личен договор, а и преговорите помеѓу двата клуба за трансфер вреден 35 милиони евра се во завршна фаза.
Донарума е голема желба на Пеп Гвардиола кој не е задоволен од Џејмс Трафорд кој и покрај тоа што пристигна на „Етихад“ ова лето со цел да го замени Едерсон, не успеа да прикаже добри настапи во воведот на сезоната.
Сепак за премин на Донарума во Манчестер Сити постои еден проблем, а тоа е заминувањето на Едерсон. Бразилецот е во преговори со Галатасарај кои мораат да бидат завршени пред крајот на преодниот рок на „Островот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

