Еден проблем помалку во Баерн Минхен: Кингсли Коман се врати на тренинзи

Францускиот интернационалец Кингсли Коман од денеска повторно е присутен на тренинзите на Баерн Минхен. По пауза од два и пол месеци, крилниот играч се враќа во тренажен ритам, откако ја надмина непријатната повреда на лигаментите на коленото што ја заработи во првото коло од новата сезона во Бундес-лигата.

Коман настрада на 24 август, при триумфот од 3-1 против Хофенхајм и долг период се опоравуваше. Тој и минатата сезона немаше многу среќа со повредите. Покрај ветераните Арјен Робен и Франк Рибери, тренерот Нико Ковач како алтернатива на крилните позиции го има и Серж Гнабри. Но, со враќањето на Коман во тимот, конкуренцијата значително ќе се зголеми.

 

Се вчитува...