Серхио Гомез, 23-годишниот шпански интернационалец замина од Манчестер Сити и официјално кариерата ќе ја продолжи во татковината каде ќе настапи за Реал Сосиедед по трансфер вреден 10 милиони евра со тоа што на „граѓаните“ ќе им следи и 30 отсто од неговиот следен трансфер.
Со шпанскиот клуб напаѓачот кој во минатото настапуваше за шпанските младински категории, а ова лето ќе настапи и во сенирскиот репрезентативен дрес на Летните олимписки игри во Париз потпиша договор до 2030 година.
„Беше чест да играм, тренирам и работам и да освојам бројни трофеи во Манчестер Сити“, изјави Гомез кој во кариерата кратко настапуваше и за вториот тим на Барселона, но и за Борусија Дортмунд и Андерлехт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА