Еден Србин го напушта Јувентус

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ е на излезната врата од Јувентус и наскоро би можел да добие нов клуб. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Костиќ се најде на списокот на фудбалери кои летово би можеле да го напуштат Јувентус или да бидат надвор од тимот.

Костиќ имаше драстичен пад во формата, а сето тоа беше проследено со повреда на мечот против Англија на Европското првенство. Доаѓањето на Тиаго Мота наместо Масимилијано Алегри ќе доведе до бројни промени во тимот. За заминувањето на Костиќ веќе некое време се пишуваше во италијанските медиуми, а се чини дека сега ќе се оствари.

За него има интерес од Галатасарај и Фенербахче. Костиќ дојде во Јувентус во 2022 година од Ајнтрахт.

Се вчитува...