Данило Андушиќ е прекуброен во тимот на Дубаи и наскоро се очекува да замине од евролигашот кој се натпреварува и во АБА лигата. Србинот го засили тимот од Обидинетите арапски емирати минатата сезона, но не успеа да го задржи местото во тимот и оваа сезона во која амбициите се уште поголеми.
Андушиќ заминува од Дубаи и прави изненадувачки трансфер во редовите на грчки Арис, објавија медиумите кај нашиот јужен сосед.
Искусниот 34-годишен кошаркар во текот на кариерата настапуваше и за Хемофарм, Партизан, Виртус Болоња, Анвил, Парма, Уникс Казањ, Игокеа, Бург и Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

