Партизан продолжува со формирањето на ростерот за наредната сезона, „црно-белите“ планираат да доведат најмалку уште едно врвно засилување, но и разговараат со играчите од актуелниот ростер за нивната улога во тимот.
Во фокусот се најде бековската линија, каде по ангажжманот на Шејк Милтон од НБА-лигата стана јасно дека Обрадовиќ има премногу адути за исто место во тимот и дека некој ќе мора да си замине. Тоа речиси сигурон ќе биде Ифе Лундберг, данскиот репрезентативец кој воопшто не ги оправда очекувањата на стручниот штаб и на навивачите по првата сезона. Тој преседе на клупата голем дел од натпреварите, на оние на кои доби шанса не одигра како што се очекуваше од него, па јасно е зошто од Србија стигнуваат информации дека Лундберг е веќе спакуван во Белград и ја чека само вистинската понуда за официјално да си замине од таборот на „црно-белите“.
За разлика од него, Френк Нликина и во следната сезона ќе ги брани боите на новиот шампион на АБА-лигата. Французинот стигна од НБА и не блескаше во дресот на Партизан, но мора да се истакне дека Нликина немаше среќа со повредите, што го спречи да влезе во посакуваниот ритам.
Тој имаше скромни бројки од 6,1 поени и 1,7 асистенции по натпревар во Евролигата, но желба на самиот кошаркар, како и на стручниот штаб на чело со Жељко Обрадовиќ е Нликина да ја одработи и втората година од двогодишиот договор што го потпиша лани со Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

