Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен со почеток во 15 часот ќе ја пречека селекцијата на Фарски острови во последниот меч од Лигата Ц од новата сезона во Лигата на нации.
Македонија со победа на овој меч ќе направи крупен чекор кон пласман во баражот за пласман на СП 2026 година. Нашите репрезентативци во одлична атмосфера го одработија денешниот тренинг, на кој недостигаше само Елиф Елмас кој поради повреда на задната ложа ќе го пропушти утрешниот меч против Фарски острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА