Манчестер сити се врати на врвот на премиерлигашката табела откако „граѓаните“ попладнево по голема битка го совладаа Тотенхем со 1-0. За разлика од претходниот меч во ЛШ меѓу двата тима, овојпат беше постигнат само еден единствен погодок, доволен за тимот на Пеп Гвардиола да ститне до трите бода и да го прескокне Ливерпул на табелата.
Голманот Едерсон е главниот виновник што Тотенхем не постигна гол на овој натпревар, откако Бразилецот запре неколку стопроцентни шанси на „спарси“ во текот на мечот.
Единствениот погодок беше постигнат уште во 5. минута, кога Агуеро ја спушти топката за Фоден, а тинејџерот на Сити ја смести во мрежата. Следен предизвик за „граѓаните“ е гостувањето на „Олд Трафорд“ на градското дерби против Манчестер Јунајтед, закажано за среда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА