Едерсон: Мојата иднина е во Манчестер сити

Во Манчестер сити се врши ремонт, но како што стојат работите на голот останува, Бразилецот Едерсон, иако минатата сезона имаше многу гласини за негово заминување.

Минатото лето медиумите го испратија неколку пати во Саудиска Арабија, но сепак, иако имало понуди од оваа земја тој ќе остане во Манчестер.

„Секакви работи пренесоа медиумите, но 99 отсто од тие вести се лаги. На маса имаше понуда од Саудиска Арабија, но мојата иднина е во Сити“, изјави Едерсон.

Се вчитува...