Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, откри дека за малку ќе се преселeл во Саудиска Арабија oва лето, но дека тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола успеал да го убеди да остане на „Етихад“.
Ал-Итихад и Ал Наср беа двата клуба од Саудиска Арабија заинтересирани за бразилскиот голман, а Едерсон откри дека имало богат договор на маса.
„Имав безброј разговори со Гвардиола, а еден од нив беше суштински. Сето тоа што ми го кажа мојот тренер беше клучно да се одлучам да останам на „Етихад“, изјави Едерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА