Бразилскиот голман и играч на Манчестер сити, Едерсон поради повреда ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата против Колумбија и Аргентина.
Станува збор за натпреварите од квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Едерсон заработи повреда на стапалото на првенствениот натпревар против Челси во неделата. Бразил во четврток ќе ја пречека Колумбија, а на 21. ноември во Рио де Жанеиро и гостува на Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА