Бразилскиот голман Едерсон Мораеш потпиша договор со Манчестер сити до 2025 година. Тој го обнови постоечкиот договор за дополнителни две сезони, а клубот му понуди уште подобри услови за соработка, по фантастичната сезона во Премиер – лигата. Едерсон беше една од клучните алки на „граѓаните“ во неверојатниот успех, освојувањето на титулата во Англија, но и уривањето на многу рекорди.
Раководството на клубот сакаше веднаш да го награди Едерсон со поголема плата и му понуди договор кој ќе го врзе на „Етихад“ до 2025 година.
„Воодушевен сум од првата сезона во Манчестер сити. Клубот функционира беспрекорно, тимот бележи одлични резултати и среќен сум што добив понуда да останам тука уште долги години. Се надевам дека заедно ќе ја освоиме и Лигата на шампионите“, изјави Едерсон по потпишувањето на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА