Поранешниот репрезентативец на Холандија, Едгар Давидс, сега член на стручниот штаб на Ван Гал во холандската репрезентација, го искоментира гестот на Лео Меси.
За време на дуелот, по изведениот пенал Лео Меси гестикулираше неспортски кон клупата на „лалињата“, а по мечот откако зовреа страстите меѓу двете страни се впушти и со навреди кон холандскиот селектор.
Сето тоа предизвика бес на холандската клупа, а вчудоневиденост кај Едгар Давидс…
„Навистина не знам што се случи со Лео. Шокиран сум од неговиот однос кон сите нас. Сето она беше далеку од спортско однесување“ – истакна Едгар Давидс.
За време на официјалната изјава Меси му се обрати и на Вегхорст кој беше зад камерите со порака „ајде шетај, што гледаш глупав еден…“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА