Њукасл ќе игра против Бенфика во Лигата на шампионите вечерва од 21 часот, а пред тој дуел Еди Хау на прес-конференцијата зборуваше за Жозе Мурињо, човекот кој двапати ја освои Лигата на шампионите.
Тој рече дека за него Мурињо е е еден од најдобрите тренери на сите времиња, но и дека имал големо влијание врз него.
„Тој е некој кого го почитувам неизмерно, играв против него и претходно во Премиерлигата. Кога бев млад менаџер, навистина се восхитував на она што го изгради во Челси. Тој дефинитивно е визионер, некој што покажа како може да се прават работите на различни начини, а потоа го повтори успехот во различни клубови и лиги. Навистина е неверојатно што постигнал во својата кариера“, изјави Хау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

