Отказот на Рубен Аморим создаде лавина од шпекулации околу тоа кој стратег би можел да го наследи Португалецот на кормилото на „Олд Трафорд“.
Меѓу првите имиња кои беа споменати во јавноста беше Еди Хау, но овој стручњак јасно стави до знаење дека нема намера да се сели во Манчестер, потврдувајќи ја лојалноста кон Њукасл. Хау е на чело на Њукасл од ноември 2021 и сите планови за иднината му се поврзани со продолжување на оваа авантура.
„Јас сум таков човек, морам да бидам среќен таму каде што сум работејќи го она што го работам. Можам да кажам дека во моментов сум пресреќен, во Њукасл имам одличен тим, одлични соработници и се чувствуваа таа позитивна енергија на секој чекор. Затоа и не размислувам за ништо друго. Логично е медиумите да го споменуваат моето име во одредени шпекулации, но од тоа нема ништо. Не велам дека нема да има никогаш, но сега дефинитивно не е момент за да се размислува за било што друго освен за Њукасл“, изјави Еди Хау.
Јунајтед ја продолжува потрагата по нов тренер, а последните информации говорат дека е најреална опција да биде потпишан договор со Оле Гунар Солскјер како привремено решение до крајот на сезонава, по што „црвените ѓаволи“ би имале доволно време да ги разгледаат сите опции и да изберат нов менаџер за сезоната 2026/27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

