Њукасл Јунајтед нема да биде предводен од својот тренер Еди Хау на натпреварот против Манчестер Јунајтед во Премиерлигата бидејќи стратегот бил примен во болница по неколкудневни здравствени проблеми.
Проблемите ги потврди и клубот од сервена Англија со соопштение во кое потврди дека тој е свесен, но се уште е во болница каде поминува низ медицински прегледи.
„Медицинскиот персонал го набљудуваше Еди во текот на ноќта за натамошни тестирања кои уште траат. Свесен е и комуницира со семејството, а се работи на тоа да прими помош од медицински стручњаци“, стои во соопштението на Њукасл Јунајтед.
Натпреварот против Манчестер Јунајтед е од големо значење за Њукасл Јунајтед во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА