Един Џеко е четврти најплатен фудбалер во Турција

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко изминатото лето како слободен играч ги промени клупските бои и потпиша договор со Фенербахче каде го предводи клубот од Истанбул со осум голови и седум асистенции на 12 одиграни натпревари.

Според пишувањата на турските медиуми „Дијамантот“ има плата од 4.2 милиони евра по сезона која го прави четвртиот најплатен фудбалер во Турција.

Интересно од првите шестмина најплатени во сезоната дури четворица се од Фенербахче. Најплатен играч е Мауро Икарди од Галатасарај со примања од шест милиони евра, по него следи соиграчот на Џеко, Фред со пет милиони евра, а трет е Вилфред Заха со примања од 4.3 милиони евра.

По Џеко следат: Душан Тадиќ (4.2 милиони евра), Ченгиз Ундер (3.5 милиони евра), Ерик Баили (3.5 милиони евра), Дависон Санчез (3.2 милиони евра), Винсент Абубакар (3.1 милиони евра) и Тангу Ндомбеле (3.1 милиони евра).

Се вчитува...