Капитенот на репрезентацијата на БиХ, Един Џеко (40), престојува во Белград откако постигна историски успех со националниот тим и пласманот на Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.
БиХ ја елиминираше Италија по пеналите во Зеница, а на самиот крај од продолжението на тој натпревар, Џеко заработи сериозна повреда на рамото по дуелот со италијански играч. Првите прогнози беа многу песимистички, дури се споменуваше и скршена клучна коска, што веројатно би значело пауза од неколку месеци и пропуштање на Светското првенство.
Сепак, 40-годишниот напаѓач на Шалке брзо помина дополнителни прегледи во Белград. Резултатите беа многу подобри од очекуваното: нема да биде потребна операција, а Џеко веќе започна со рехабилитациски терапии.
Изненадување во ресторан…
За време на престојот во српската престолнина, Џеко доби убаво изненадување во еден белградски ресторан.
Персоналот реши да го израдува „босанскиот дијамант“ со порака на чинија со парче торта.
„Каде и да играте, ние сме тука – од Зеница до Америка! Среќно, „змејови“!!!“
Џеко беше воодушевен од гестот и направи фотографија и ја сподели на својот Инстаграм профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

