Един Џеко прави неочекуван трансфер во друг италијански клуб

Само неколку месеци откако дојде во Фиорентина, Един Џеко би можел да си замине од Фиренца, но и натаму да остане во Италија.

На Џеко не му оди најдобро во „виолетовите“ со оглед дека тимот е закован на дното во Серија „А“, а тој нема многу простор за игра. Според информациите од Италија, би можел да се приклучи на тимот на Џенова.

Тренерот на овој тим Даниеле де Роси е голем пријател и фан на Џеко, па би бил среќен да го има на располагање во пролетниот дел од сезоната. Главната причина е што Џеко би донел големо исксутво во екипата која има проблеми со нападот.

Се вчитува...