Един Џеко игра извонредно во дресот на Интер, и покрај своите 36 години, и натаму останувајќи еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Со своите игри и дефинитивно заслужи продолжување на договорот со „нераѕурите“, но и го разбуди интересот на бројни европски клубови, меѓу кои и Манчестер јунајтед.
Англиските медиуми пласираат помалку неверојатни вести за трансфер на Џеко во редовите на „црвените ѓаволи“. Ерик Тен Хаг бара голгетер по заминувањето на Кристијано Роналдо, затоа што во моментов има само две опции – Маркус Рашфорд и Ентони Мартиал, па изборот паднал на Џеко. Иако се чини сето тоа е малку незамисливо…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА