Един Џеко руши рекорди… Рома со „петарда“ против Беневенто (ВИДЕО)

Рома, и покрај тоа што сериозно се мачеше, со победа го заокружи четвртото коло од Серија триумфирајќи против Беневенто со 5-2 (2-1).

Натпреварот мина во знакот на репрезентативецот на БиХ, Един Џеко кој постигна два од четири погодоци на „волчицата“ со што стигна до бројката од вкупно 108 гола во дресот на римскиот клуб. Па, со тоа проби до четвртото место на вечната листа на најдобрите стрелци на Рома. Недопирлив на врвот на таа листа е Франческо Тоти со 307 погодоци.

Џеко првиот свој гол го постигна во 35. минута за водство од 2-1 во тие моменти, а вториот во 78. минута за 4-2, пред Бруно Перес во 89. минута да ги постави конечните 5-2.

Се вчитува...