Босна и Херцеговина и регионот денеска тагуваат по Халид Бешлиќ, откако познатата музичка звезда почина на 72-годишна возраст, губејќи ја битката со тешката болест.
Капитенот на фудбалската репрезентација на БиХ, Един Џеко, преку емотивна објава се збогуваше од пејачот кој со години беше меѓу омилените не само во БиХ, туку и во останатите држави од поранешна Југославија.
„Си замина човекот чиј глас беше дел од нашите животи. Халид, ти благодарам за сите емоции, за песните со кои растевме, сакавме и тагувавме. Твојот глас засекогаш ќе остане дел од нашата душа. Почивај во мир, легендо“, објави Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

