Един Џеко заврши во болница

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, заврши во болница по ударот што го доби на натпреварот од квалификациите за пласман на СП против Романија (0-1).

Напаѓачот на „змејовите“ беше во дуел со Михаи Попеску, кога топката отиде во нивен правец. Џеко тргна да ја удри со глава, но романскиот фудбалер интервенираше со нога пред него.

Во таа прилика искусниот центарфор заврши со болки на земја, а Попеску не доби ниту жолт картон од судијата Дани Макели од Холандија.

Џеко беше заменет на полувремето, а романските медиуми објавија дека тој завршил во болница со скршен нос.

Се вчитува...