Един Терзиќ ја презема клупата на Рома!?

Даниеле Де Роси сосема неочакувано доби отказ на клупата на Рома уште на стартот од сезоната во Серија А.

Па, веднаш италијанските медиуми лиферуваат со имињата кои се најсериозни кандидати за нов шеф на стручниот штаб на „волчицата“ од Рим.

Интересно, иако многумина мислеа дека повторно тоа ќе биде италијански стратег, сепак довчерашниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е најсериозниот кандидат за наследник на Де Роси.

Од клубот веќе контактирале со 41-годишниот Терзиќ чија тренерска кариера досега главно се врзува со Борусија Дортмунд кого го донесе минатата сезона и до финалето од Лигата на шампионите, иако беше асистент и на Славен Билиќ во Бешикташ и во Вест Хем.

Покрај Терзиќ, кандидати за нов тренер, но со помали шанси, се и Иван Јуриќ и Томас Тухел.

Се вчитува...