Един Терзиќ е главен фаворит за нов тренер на Монако откако управата на „кнезовите“ реши да ја прекине соработката со Ади Хитер и да донесе стратег што ќе може да го извлече максималниот потенцијал од играчкиот кадар што го има овој клуб.
Последното реми на домашен терен со Ница, откако гостите играа 60 минути со фудбалер помалку, ја прели чашата со нездоволство кај водечките луѓе на Монако, отказот за Хитер е само прашање на време, а првиот човек на Монако, Дмитриј Риболовљев, директно ги води преговорите со Терзиќ за да го убеди овој стручњак да се пресели во „малото кнежевство“.
Екс-тренерот на Борусија е идеален кандидат за раководството на Монако, станува збор за стратег што инсистира на офанзивен фудбал, кој истовремено има работено и со врвни фудбалски имиња како Халанд, Белингем…
Тој за малку остана без титулата во Бундес-лигата несреќно губејќи ја трката во последното коло од Баерн Минхен, а стигна и до едно финале во Лигата на Шампионите.
Неофицијално, Монако испратил богата понуда, а Терзиќ има 48 часа да донесе одлука. Доколку тој ги одбие, „кнезовите“ дури потоа ќе почнат разговори со останатите кандидати за наследник на Хитер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

