Един Терзиќ на клупата на Тотенхем!?

По пауза од една година, се чини, Един Терзиќ повторно се враќа на фудбалот.

По отказот од Борусија Дортмунд, Терзиќ доби отштета од клубот но со клаузула во договорот во следните 12 месеци да не преземе нова работна задача. По една година, сега повторно може да се врати на тренерскиот занает.

А, англиските медиуми пренесуваат дека од јуни Терзиќ би можел да ја преземе клупата на Тотенхем, кој остава лоша сезона зад себе во Премиерлигата, иако, се чини, истата ќе биде покриена доколку се освои трофејот во Лигата на Европа.

„Билд“, пак, пренесува дека Терзиќ пред два месеци ја одбил понудата на Вест Хем.

Се вчитува...