Манчестер Јунајтед ја започна сезоната најлошо од постоењето на Премиерлигата и моментално е 14.со осум бода по седум кола.
Британските медиуми пишуваат за евентуален отказ на тренерот Ерик тен Хаг, а меѓу кандидатите изненадувачки на површина исплива и Един Терзиќ, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд. Минатата сезона Терзиќ со Борусија стигна до финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Реал Мадрид.
Тој има искуство во Премиерлигата како помошник на Славен Билиќ во Вест Хем. Покрај, Терзиќ кандидати за клупата на Јунајтед се Томас Тухел и Руд ван Нистелрој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА