Фудбалерот на Бока Јуниорс, Единсон Кавани го продолжи договорот со аргентинскиот клуб до 31. декември 2026 година, соопштено е денеска. Кавани пристигна во Бока Јуниорс во јули 2023 година, а имаше договор со аргентинскиот клуб до крајот на 2024 година.
Уругвајскиот фудбалер одигра 43 натпревари за Бока Јуниорс и постигна 20 голови. Претходно играше за Валенсија, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, Наполи, Палермо и Данубио.
𝗡𝘂𝗻𝗰𝗮 𝗺𝘂𝗰𝗵𝗼 𝗰𝘂𝗲𝘀𝘁𝗮 𝗽𝗼𝗰𝗼: Felices de tenerte hasta 2026, Edi 💙💛💙 pic.twitter.com/xTJcmgEowM
— Boca Juniors (@BocaJrsOficial) October 4, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА