Единствен начин да избегнат затвор: Откриено зошто цела управа на Јувентус си поднесе оставки!

Навивачите на Јувентус се уште се во шок по големиот потрес на италијанската фудбалска сцена, откако целокупната управа на „старата дама“ предводена од претседателот Андреа Ањели си поднесе оставка поради скандалот со затајување на данок и прикривање на исплати кон фудбалерите за време на кризата со коронавирусот.

Водење на лажно сметководство е сериозен престап, а според последните информации, Ањели и неговите најблиски соработници биле принудени да си заминат од Јувентус – како единствен начин да избегнат затвор. Истрагата покажала дека дел од исплатите продолжиле и во 2022, што во случајот би значело и повторување на делото. Покрај тоа, обвинителството се подготвувало да побара од судот на Ањели да му биде одредена мерка „домашен притвор“, за да не може да влијае врз сведоците и да уништува докази.

Откако дознал за овој план на обвинителите, Ањели ја донел одлуката за повлекување од кормилото на Јувентус, по што неговите стапки ги следеле и сите членови на управниот одбор.

Се очекува и покрај оставките овие лица да бидат гонети за финансиски криминал, но и да минат само со парични казни наместо со затвор, токму поради нивното повлекување од раководните структури во Јувентус.

Се вчитува...