Дардан Дехари ќе биде знаменосецот на Македонија на отварањето на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Оваа информација ја потврди МОК кој вели дека Дехари ќе биде единствениот кој ќе го вее нашето знаме поради контакт на Ана Цветановска со лице позитивно на Ковид-19.
Како потсетување Игрите официјално ќе бидат отворени утре, а првиот настап на нашите претставници ќе биде на 5 февруари кога на сцената ќе настапи токму Цветановска во крос-кантри на 7,5 км слободно + 7,5 км скијатлон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА