Единствен тренинг во Гибралтар – официјалниот, тест на вештачката трева под „Карпата“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Гибралтар

ФОТО: Петр Стојановски

Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одработи единствениот тренинг по пристигнувањето во Гибралтар – официјалниот предвиден од УЕФА на „Викторија стадион“ во Гибралтар каде утре од 18 часот ќе се игра вториот натпревар од Групата 4 во Ц-лигата од Лигата на нации.

Македонија немаше можност за никаква подготовка по првиот дуел во Бугарија, па денешниот за селекторот Благоја Милевски беше единствен да ги состави коцкичките за утрешната пресметка со селекцијата од малата пиринејска земја, сместена на најужниот срт на Европа под „Карпата“, како што милуваат да кажат Британците во Гибралтар.

Репрезентативците со единствена можност, пак, да го почувствуваат теренот со вештачка трева на стадионот со капацитет од 4.000 седишта, како начин за подготовка за дуелот од кој секако се посакува и очекува победа…

 

Се вчитува...