Единствената Иранка со олимписки медал, Кимиа Ализадех објави дека ја напуштила родната земја. Причина како што вели е тоа што не сакала да биде дел од „хипокризијата, лагите и неправдите“. Се опишува себе си како една од „милионите угнетени жени во Иран“. 21-годишната Ализадех која на Олимписките игри во Рио во 2016 година освои бронзен медал во таеквондо не објави каде се наоѓа.
Таа објаснува дека иранските власти кои правеле политичка пропагнада од нејзиниот успех, често и велеле оти „не е некој успех жена да ги истегнува нозете“. Таа ги отфрли тврдењата дека добила примамливи понуди од европски држави. Вели дека секогаш ќе остане „дете на Иран“.
Пред нејзината официјална објава, иранската државна агенција објави дека Ализадех пребегала во Холандија и оти има намера да учествува на Игрите во Токио оваа година, но под знаме на друга држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА