Иднината на Лионел Меси е една од главните теми во фудбалската јавност веќе долго време. Наскоро треба да се знае дали еден од најдобрите фудбалери во историјата ќе остане во Барселона или ќе ја промени средината. Неодамна се одржаа избори во Барселона и победи Жоан Лапорта, велејќи дека Меси ќе остане во Каталонија само под услов да добие поддршка од мнозинството. Преговорите треба да започнат следната недела. Затоа Хорхе Меси, таткото и менаџер на Лео, пристигна во Барселона да се сретне со Лапорта.
Договорот на Меси истекува во јуни годинава. Минатото лето Аргентинецот беше пред излезната врата, но на крајот се откажа бидејќи не сакаше целиот случај да се влече низ судовите. Сега е слободен играч и има право на избор. Во последно време Барса игра многу подобро, иако од ПСЖ испадна во Лигата на шампионите. Тимот од Каталонија е на второто место во Примера, а Меси е најдобар стрелец во лигата. Се чини дека сега шансите тој да остане се многу поголеми отколку на почетокот на сезоната. Клубовите кои се најмногу заинтересирани да го донесат се Манчестер Сити и ПСЖ.
Како важен аргумент во убедувањето на Меси да остане, може да биде фактот дека Роналд Куман скоро сигурно ќе остане на клупата на Барселона. Тој направи млад тим, кој има голема иднина. Холанѓанецот ја има целосната поддршка од Жоан Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

