Едиз Спахиу е нов играч на Вардар

Едиз Спахиу е најновото засилување на Вардар за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

23-годишниот напаѓач во Вардар доаѓа од екипата на Тиквеш, каде во изминатата полусезона постигна вкупно четири голови на 18 натпревари. Минатата сезона со оваа екипа беше освојувач на Купот на Македонија. Во Првата македонска лига Спахиу има одиграно вкупно 106 натпреаври на кои има постиганто 23 голови.

Покрај екипата на Тиквеш, Спахиу, кој е поранешен репрезентативец на Македонија до 19 и до 21 година, претходно во кариерата настапувал и за екипата на Гостивар, како и за младиот тим на Шкендија.

Се вчитува...