Кајл Едмунд се пласираше во поплуфиналето на Австралија Опен, откако по четири часа славаше против Григор Димитров со 6-4,3-6,6-3,6-4.
Уште едно изненадување на Отвореното првенство на Австралија откако 49-от светски тенисер го исфрли третиот најдобар на АТП листата. Младиот Британец одличниот турнир го потврди и на овој меч, стигнувајќи до првата своја победа против еден Топ 3 тенисер во светот.
Едмунд во битката за финале на АО ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Марин Чилиќ.
На женскиот турнир место во полуфиналето обезбеди Белгијката Елис Мертенс која продолжи со одличните игри на првенството.
22-годишната Белгијка до триумфот против Јелина Свитолина во четвртфиналето стигна во два сета, со 6-4,6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА