Шкупи почна да го гради составот за втората полусезона, откако денеска се реши да ги раскине договорите со двајца фудбалери. Станува збор за играчи во офанзивниот дел кои нема да бидат дел од чаирскиот тим.
Јоан Едмундсон, играчот од Фарски Острови не е повеќе дел од Шкупи. 33-годишниот интернационалец дојде на Чаир на почетокот на сезона, но не го оправда очекувањата и си заминува. За чаирската екипа одигра 12 меча, постигна три гола и запиша три асистенции.
Со него во пакет заминува и јапонскиот интернационалец Јумеми Канда. Јапонскиот офанзивен играч за врска дојде во август во Шкупи, и по пет месеци си оди од Чаир. За Шкупи настапи 17 пати, постигна три гола и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА